Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети ги сподели своите очекувања за претстојниот натпревар со Милан во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

– Ни претстојат уште многу важни натпревари. Поминуваме низ добра фаза во нашите кариери, играчите и јас. Неопходно е да ја пренесете желбата и нашиот ентузијазам на теренот. Ова е турнир на шампиони, а шампионите не се штедат, ја наоѓаат потребната сила. Го познавам мојот тим, знам дека моите фудбалери ќе дадат максимум за да го поминат Милан, изјави Спалети.

Првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Наполи и Милан ќе се одржи вечер на „Сан Сиро“ во Милано со почеток во 21 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.