Навивачите на Будуќност од мечот со Струга Трим Лум исфрлија момче во  дрес на Црвена Звезда со презимето на најголемата фудбалска легенда – Дејан Савиќевиќ.

Огромен скандал го одбележа квалификацискиот натпревар за Лигата на конференциите меѓу Будуќности и Струга. Македонците со две победи се пласираа во следната рунда, а играта остана во сенка на однесувањето на дел од навивачите на домашниот тим.

На крајот на вториот дел на трибините имаше голема гужва. Група навивачи на Будуќност забележале момче со син дрес на Звезда, со бројот 10 на грбот и презимето Савиќевиќ. Тоа беше нивниот сигнал да се нафрлат врз него.

Полицијата го спасила од линч, па младиот човек морал итно да ги напушти трибините во друштво на девојката со која бил.

Ве издува Струга па сега ви е виновен дресот на Савичевиќ-коментираат навивачите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.