Тој беше „Македонецот на Динамо“. И одличен играч, еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња. А денеска живее на планина над Скопје, со вештачко колено и вештачки колк. Си игра со внуците, пишуваат хрватските медиуми за вардаровата легенда Васил Рингов.

Васил Рингов се прослави во Вардар во Скопје, а во Динамо дојде во 1983 година. Не беше лош, но не се задржа долго. Некои од неговите првенствени голови се за паметење, а најзапаметен е голот на натпреварот од 0-0 од Купот на шампионите меѓу Динамо и Порто, пред 60.000 луѓе на стадионот Максимир.

Тоа беше удар од околу триесетина метри директно каде што всушност се спојуваат стативата и гредата. Штета е што топката не се најде во мрежата.

„Дојдов како засилување за шампионската генерација, се очекуваше многу од мене. Сепак, тоа беше турбулентен период во Динамо и очигледно дојдов во погрешно време. Тренерот Мирослав Блажевиќ, кој инсистираше на моето доаѓање, си замина, многу работи се сменија и не се снајдов баш најдобро во сето тоа и се вратив во Скопје. За жал, такви работи се случуваат, тоа беше спој на несреќни околности. Не ми се допадна атмосферата, имаше тепачки и се случуваа многу негативни работи-раскажа популарниот Васе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.