Генералниот директор на ФК Црвена Звезда Звездан Терзиќ се обиде да ги објасни деловните и финансиските аспекти на Евролигата и Лигата на шампионите.

Еве една паралела. Луѓето треба да го разберат тоа. Ние сме кошаркарска земја. Но, тоа е сосема поинаков спорт кој не може да се спореди со фудбалот. Со буџет од 35 или 40 милиони евра, вие сте шампиони на Европа во кошарка! Не верувам дека некој клуб во Евролигата има толку пари. Нашите клубови имаат од 12 до 15 милиони евра, ако не се лажам. Едноставно, Звезда и Партизан се на 50 отсто од најголемиот буџет на Евролигата – јасен е Звездан Терзиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.