Фудбалскиот клуб Вардар иницира итна смена на Миле Ристевски, комесарот за делегирање судии при Фудбалската федерација на Македонија.
Ние како клуб вината за неуспесите и поразите ја гледаме во сопствените редови, но по консултација со стручни лица, констатиравме дека во изминатите 13 кола Вардар е најоштетн во однос на судиските грешки. Оставаме органите и телата на ФФМ да си ја работат работата и да ја покажат својата стручност околу грешките и спорните моменти. Поради ова бараме и од останатите клубови поддршка за ИТНА смена на Ристевски и воведување ВАР за следната сезона, стои во соопштението на ФК Вардар.
Од таборот на „црвено-црните“ очекуваат со евентуална промена на комесарот да се зголеми транспарентноста и одговорноста, како и модернизирање и зајакнување на судскиот систем во македонскиот фудбал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.