Од идната недела и во шкотскиот фудбал ќе почне да се применува ВАР технологијата, објави Фудбалската федерација на Шкотска (СФА).
На сите 12 стадиони во шкотската Премиерлига е инсталирана ВАР технологија, а првиот натпревар на која ќе биде користена ќе биде дуелот меѓу Хибернијан и Сент Џонсон на 21 овој месец.
Покрај премиерлигашките натпревари, ВАР ќе се користи и во полуфиналните и финалните натпревари во шкотскиот Куп и Лига купот.
Речиси три години работевме да дојдеме до оваа фаза. Технологијата ја тестиравме на сите стадиони и целосно сме подготвени – изјави шефот на судиската организација во СФА, Крафорд Елан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.