Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луј ван Гал, изјави денеска оти не го импресионирала играта на Бразил во осминафиналниот дуел против Јужна Кореја (4-1) на Светското првенство во Катар.

Бразил обезбеди пласман во четвртфиналето со убедлива победа над Јужна Кореја во натпревар во кој веќе по првото полувреме имаше предност од четири голови.

„Гледав како игра Бразил и читав што за нив се пишува во холандските весници. Сите зборуваат дека нивната игра е прекрасна. Јас видов еден обичен тим, кој игра на контра напади. Фудбалерите на Јужна Кореја напаѓаа, а Бразил само играше на контри. Ништо повеќе“, изјави Ван Гал за холандската телевизија.

Бразил в петок ќе игра против Хрватска во четвртфиналето на Мундијалот, додека Холандија за противник ја има Аргентина



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.