Селекторот на репрезентацијата на Холандија, Луи Ван Гал, пред четврт-финалниот дуел на Светското првенство против Аргентина, изјави дека присуството на Лионел Меси во аргентинскиот тим, може да биде предност за Холандија.

Меси е најопасниот фудбалер на светот, способен да создаде многу а шанси, а во исто време е и брилијантен стрелец“ – вели Ван Гал.

Сепак, 71-годишниот холандски стручњак, во исто време потенцира дека седумкратниот освојувач на Златната топка е и слаба точка на аргентинската селекција.

Кога Аргентина ќе ја загуби топката, тој не работи многу. Не помага во одбраната и на тој начин, во дефанзива Аргентина всушност е со играч помалку на теренот. Тоа е наша шанса“ – вели стратегот на Холандија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.