Реал Мадрид е во завршна фаза од проектот за длабоко реновирање на стадионот Сантијаго Бернабеу, кој ќе прерасне во еден од најмодерните и најавнгардни спортски објекти во светот.
Еден од „скапоцените камења во круната“ на новиот стадион на „кралскиот клуб“ ќе биде скајбарот сместен во највисокиот дел на новиот Сантијаго Бернабеу.
Овој луксузен простор ќе им понуди на посетителите уникатен поглед, софистицирана декорација и извонредна гастрономија.
Истовремено ќе има поглед кон теренот, но и кон надворешноста, односно кон булеварот „Пасео де Кастелјана“ и центарот на Мадрид.
Сместена во највисокиот прстен на новиот Бернабеу, патеката што го опкружува горниот дел на стадионот ќе зафаќа 700 квадратни метри, со две тераси од по 250 метри.
Овој скајбар ќе биде еден од најголемите и најлуксузните во светот каде што наизменично и истовремено ќе се менуваат фудбалот, гастрономијата и забавата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.