Од Африка ни пристигнуваат неверојатни сцени.

Нигерија не успеа да се пласира на Светското првенство, што беше сигнал до навивачите на таа селекција да направат тотален хаос на стадионот во Абуџа.

По 0:0 на првиот натпревар, Суперорлите се надеваа дека ќе го потврдат пласманот во Катар на својот стадион пред домашните навивачи.

Сепак, работите не одеа како што замислуваа во нигерискиот камп. Натпреварот заврши 1:1, а Гана отиде на Светското првенство благодарение на голот на гости.


По завршувањето на натпреварот на стадионот во Абуџа настана тотален хаос. Неколку илјади навивачи истрчаа на теренот и почнаа да уништуваат се пред себе.


Искршени се клупите за резервните играчи, а уништен е теренот. Полицијата мораше да употреби солзавец за да ја смири ситуацијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.