Вечерва кога со ждрепка беа одредени групите од Лигата на шампионите, УЕФА додели и награди за најдобар играч, играчка и тренери во машка и женска категорија.
Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Браут Халанд ја доби наградата за најдобар фудбалер на годината. Најдобра фудбалерка е Шпанката Аитана Бонмати, ѕвезда на Барселона и на шпанската репрезентација и една од првите фудбалерки кои во иста сезона ги освоиле Светското првенство и Лигата на шампионите.
Наградите за најдобри тренери отидоа во рацете на Пеп Гвардиола и Сарина Вигман. Гвардиола минатата сезона со Манчестер Сити ја освои тројната круна – Лигата на шампионите, англискиот шампионат и ФА Купот. Сарина Вајгман е англиска репрезентативка која стигна до четири последователни финалиња на Светското првенство и „е инспирација за женските тренери ширум светот“, според УЕФА.
Награди на УЕФА
Фудбалер на годината: Ерлинг Халанд
Фудбалерка на годината: Ајтана Бонмати
Тренер на годината: Пеп Гвардиола
Тренерка на годината: Сарина Вигман
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.