Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години одигра попладнево нерешено 1-1 (0-1) против домаќинот на турнирот Унгарија во завршниот натпревар од групата Б3 за пласман во Лига А од квалификациите за Европско првенство 2025.
Петра Гегени ја доведе Унгарија во водство во 39 минута, а калина Попески во 83 минута го постави конечниот резултат.
Со нерешениот резултат избраничките на селекторот Катерина Милевска ги завршија квалификациите на второто место со една победа и две нерешени, освојувајќи пет бодови, два помалку од првопласираната Унгарија, која со првото место обезбеди пласман во А дивизијата и продолжување на квалификациите за пласман на Европското првенство.
Македонските фудбалерки на квалификацискиот турнир во Унгарија одиграа нерешено во првото коло против Литванија (1-1), а во второто ја совлада Андора со 2-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.