Фудбалерот на Олимпијакос Стеван Јоветиќ ја коментираше победата над Фиорентина (1:0) остварена синоќа во финалето на Конференциската лига.
– Неверојатно искуство. Многу сум горд на тимот. Мислам дека имавме одлична година и ја заслуживме победата. Би сакал да и оддадам почит на Фиорентина, која стигна до самито крај последните две години по ред. Неверојатен тим. Многу ѝ е тешко и ѝ посакувам само најдобро, го цитира Јоветиќ прес-службата на УЕФА.
Олимпијакос за прв пат во историјата освои европскиот трофеј и стана третиот освојувач на Конференциската лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.