Тренерот на Баерн, Џулијан Нагелсман изјави дека сака да ја има истата смиреност како што ја покажува тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти за време на натпреварите на неговиот тим.

– Реал Мадрид освојува многу титули. Секогаш можете да научите нешто од најдобрите тимови и врвни тренери. Во овој случај, потребното трпение во одредени ситуации и способноста да се контролирате, изјави Нагелсман за „Спорт Билд“.

Денес од 15:30 часот Баерн гостува кај Мајнц во 12. коло од германскиот шампионат.

Баварците се втори на табелата во Бундеслигата со 22 бода, еден помалку од лидерот Унион Берлин



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.