Фудбалскиот клуб Аталанта е значително послаб во оваа актуелна сезона во однос на претходната, изјави тренерот на освојувачите на ланската Лига Европа – Џан Пјеро Гасперини.
Тој го предводеше тимот до победа од 3:0 над Баер Леверкузен во финалето во Даблин и ќе го води во пресметката за Суперкупот на Европа против Реал Мадрид во среда.
-Искрено, се надевав дека ќе бидеме подготвени до почетокот на Суперкупот на Европа. Посакував новите засилувања да бидат веќе со нас откако ја освоивме Лигата на Европа. Но наместо тоа, во моментов клупата е кратка и бројот на играчи е сведен на минимум. Сигурен сум дека до крајот на август клубот ќе се погрижи за тоа, изјави тој
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.