Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја објави големата вест во врска со употребата на ВАР на конгресот на светската фудбалска федерација во Бангкок. Тој изјави дека сега тренерите ќе имаат право да бараат проверка со ВАР системот два пати по натпревар.
-Ќе го развиваме и подобруваме ВАР. Овој систем го користат 65 национални асоцијации, но сега ќе го подобриме. Создадовме поосновна технологија со помалку камери и без судии да одлучуваат, така што е достапен за сите и полесен за имплементација Овој систем веќе се тестира, започна Инфантино.
Тоа ќе функционира така што тренерот на секој тим има право да бара помош од ВАР двапати по натпревар. Ако првобитната одлука на судијата се смени по таквата барана ревизија, тимот што бара преглед сè уште има право на два прегледи.
-Доколку по ваквата барана проверка, ВАР ја потврди одлуката на судијата на теренот, тогаш тимот што го побарал го губи правото на проверка на негово барање, изјави Инфантино
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.