Трагичарот на Црвена звезда, Милан Павков, чиј автогол во 90. минута во реваншот од плеј-оф фазата за Лигата на шампионите против Макаби Хаифа беше решавачки за „црвено-белите“ да не се пласираат во групната фаза, го напушта српскиот фудбалски шампион.
По натпреварот Павков во солзи го напушти теренот, а сега доаѓа веста дека веќе го напуштил клубот и кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, поточно во тимот на Ал-Фахи.
Како што објавија српските медиуми, иако вредноста на напаѓачот, според специјализираниот портал „Трансфермаркт“ изнесува два милиони евра, Црвена звезда добила отштета од само 100 илјади евра.
Павков веќе е претставен како засилување на саудискиот клуб со кој договори двегодишна соработка, а во новиот клуб ќе заработува дури 750 илјади евра годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.