Информациите од Италија велат дека Торино сака ова лето да го ангажира Енис Барди, последниот збор ќе го има Трабзонспор.

Торино сака оваа сезона да го добие Барди на позајмица, а идното лето комплетно да го откупи.

Италијанскиот клуб чека одговор од Турците дали една таква понуда е прифатлива за нив.

Барди сака да остане во Трабзон, барем така најавуваа турски медиуми, има уште две години договор откако ланското лето дојде за три милиони евра од шпански Леванте, но Трабзон поради кратење на буџетот за добра сума на пари сакаат да го продадат, а еден од ланските џиновски засилувања веќе спогодбено раскина – Марк Бартра.

Барди вчера даде гол од слободен удар за Трабзон во подготвителниот период за новата сезона.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.