„Секое патување има свој крај, а на 8 јуни ќе заврши мојата фудбалска авантура…

Еден од најдолговечните и најдобри напаѓачи во историјата на фудбалот – вечен бунтовник, фудбалски бандит, егоцентричен, неповторлив спортски романтичар и генијалец кој никого не остави рамнодушен во сабота ќе стави крај на една незаборавна фудбалска авантура.

Човек чие име е синоним за харизма, самодоверба, шарм и неверојатни голгетерски способности – единствениот, неповторлив – Златан Ибрахимовиќ.

Неговиот последен танц ќе го гледаме во сабота на 8 јуни во „Френдс арената“ во Стокхолм (18.00 часот), на пријателскиот натпревар меѓу Шведска и Србија.

Околу 50.000 среќници ќе имаат можност да му оддадат почит на великанот кој ја одбележа фудбалската игра во последните две децении и остави трајно наследство.

Животната приказна на еден од најголемите фудбалери во историјата започна на 3 октомври 1981 година во Малме. Роден е во Шведска како син на Шефик и Јурка – бегалци од Босна и Хрватска. Така, на самиот почеток немаше многу шанси за успех.

Шефик и Јурка се запознале во Шведска во 1977 година. Во бракот ја добија ќерката Селма, а потоа и синот Златан. Сепак, нивниот брак не траел, тие се разведоа кога Ибра имаше само две години.

Моето детство беше многу тешко, израснав во имигрантска населба во Малме, на југот на Шведска, во наметната средина на сиромашни имигранти од Југославија, Сомалија, Турција и Полска. Крадев и велосипеди со нив. Моите родители не ми помагаа многу, а ретко покажуваа чувства. Бевме ужасно сиромашни, ништо не можевме да си дозволиме. Фрижидерот беше постојано празен, се сеќавам дека често бев гладен“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.