Полицијата на Тирана презеде план мерки за одржување на редот и безбедноста, пред, за време и по пријателскиот фудбалски натпревар меѓу Албанија и Италија.

Натпреварот се игра денеска со почеток од 20:45 часот на стадионот „Ер Албанија“.

Од полицијата информираат дека од 18:00 часот до завршување на активноста, ќе има блокирања на повеќе патни сегменти.

Во согласност со планот на мерки, навивачите пред да влезат во стадионот ќе бидат проверени за недозволени предмети (како оружје, тврди предмети, шишиња со вода, чадори, метални клучеви, пиротехнички средства и сл.).

– Секој навивач мора да носи со себе документ за идентификација. На стадионот нема да им биде дозволен влез на лица без документи за идентификација, како и деца помлади од 16 години, без придружба на родител или старател, информира полицијата.

Исто така, во стадионот нема да им биде дозволен влез на навивачите кои полицијата ги идентификувала како проблематични во претходни спортски активности



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.