Откако на драматичен начин ја освоија титулата во женското фудбалско првенство, фудбалерките на ЖФк Љуботен, денеска ќе го добијат и драгоцениот шампионски пехар.

Тетовскиот клуб ја заслужи шампионската слава со триумфот на гости кај Истатов во Струмица со 3:1, со што ја заврши сезоната се еден бод предност пред втората Тиверија и два пред третопласираната Каменица Саса, а денеска ќе бидат и официјално наградени за успешната сезона со пехарот што ФФМ го доделува на шампионките на Македонија.

По тој повод во Тетово ќе се одигра ревијален натпревар межу ЖФК Љуботен и ЖФК Деспина, а по предавањето на трофејот ќе следува и прослава на која се поканети сите поддржувачи на клубот, како и сите вистински љубители на фудбалот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.