Струга Трим Љум, Шкендија и Тиквеш ќе ги добијат ривалите во квалификациите за Лигата на шампионите и Конференциската лига.

Македонскиот првак Струга може да се соочи со Слован Братислава (Словачка), Линколн (Гибралтар), ТНС (Велс), Балкани (Косово) и Борац Бања Лука (БиХ), а средбите ќе се играат на 9,10 и 16,17 јули.

Шкендија е носител и би можел да измери сили со Вележ од БиХ, Торпедо од Грузија, Малишева од Косово, Ноах од Ерменија и Ислоч Минск од Белорусија.

Екипата на Тиквеш пак ќе ги одмери силите со една од следниве екипи: Бреидаблик (Исланд), Дуделанж (Луксембург), Тре Пене (Сан Марино), Сент Џозеф (Гибралтар) и Крусејдерс (Северна Ирска), а натпреварите ќе се играат на 11 и 18 јули



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.