Фудбалерот на Хајат спорт, Кристијан Ацу, се уште е под урнатините по страшниот земјотрес што пред десет дена ги погоди Турција и Сирија.

Најпрво се велеше поранешниот фудбалер на Челзи, од тоа дека е пронајден жив и повреден, до тоа дека е мртов – но ситуацијата е таква што и по десет дена потрага нема вести за него!

Семејството на фудбалерот од Гана со денови чека каква било вест за него и помага во потрагата по живите под урнатините на луксузната зграда која не го издржа ударот од 7,7 степени.

Досега успеале да му го „лоцираат“ станот – поточно деловите што му припаѓаат на домот во кој живеел, а му ги нашле чевлите, но не го нашле!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.