Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, наскоро ќе потпише нов договор со клубот, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.
Според Романо, речиси е договорена нова соработка со 54-годишниот фудбалски стручњак и оваа недела страните ќе влезат во завршна фаза од преговорите.
Холанѓанецот е на чело на Манчестер јунајтед од 2022 година.
Минатата сезона „Црвените ѓаволи“ завршија на осмото место во поредокот во Премиер лигата и го освоија ФА Купот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.