Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг ги коментираше последните резултати на тимот.
– Ни треба каква било помош, но прво тимот и јас мора да дејствуваме. Мора да се подобруваат на секој натпревар. Неколку пати кажав: играчите мора да преземат одговорност. Јас треба да бидам одговорен, но и тие. Ова важи за сите. Можеби во некои моменти очекувате уште повеќе од постарите играчи отколку од помладите. Но, ние мора заедно да направиме чекор напред. Не е важно кој на која возраст е. Треба да составиме тим кој ќе може да победи, рече тренерот.
„Црвените ѓаволи“ немаат победа во последните четири натпревари. Моментално Манчестер јунајтед се наоѓа на осмото место во поредокот во Премиер лигата со 28 бодови во 18 кола
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.