На 4 април 2002 година, „Најк“ ја почна својата глобална кампања за Светското првенство во Јужна Кореја и Јапонија, импресивна најава со 24 фудбалери од највисоко ниво и луксузен домаќин: Ерик Кантона. Режиран од членот на „Монти Пајтон“, Тери Гилијам, спотот е сместен во внатрешноста на еден брод, каде што се игра таен турнир во огромен тревен кафез со два мини-гола на краевите.

Премисата на турнирот е едноставна: Скриени од остатокот од светот, 24 елитни играчи организираат таен турнир, со осум екипи и само едно правило… „Првиот гол победува“, најавува Кантона, кој ја има улогата на судија и контролор на натпреварувањето, додека во позадина оди ремикс на „Малку помалку разговор“ од Елвис Присли.

Овој турнир остави со моменти кои подоцна се имитираа во маалските натпревари ширум светот, како скорпија-голот на Роберто Карлос, невозможните контроли на топката, танци..

Единствена реклама која за кратко време се претвори во вистински мит.

Ова се осумте екипи коишто учествуваат на турнирот:

1. Тројно еспресо: Франческо Тоти, Шинџи Наката, Тиери Анри

2. Недопирливите: Патрик Виера, Пол Сколс, Руд ван Нистелрој

3. Кербер: Сивиан Вилторд, Лилијан Турам, Едгар Давидс

4. Лудите бикови: Хавиер Савиола, Луис Енрике, Фредерик Љунгберг

5. Торнада: Луис Фиго, Роналдо, Роберто Карлос

6. Тим на огнот: Ернан Креспо, Клаудио Лопез, Гаизка Мендиета

7. Фанк браќата од Сеул: Денилсон, Сеул Ки-Хејонг, Роналдињо

8. Туто бене: Томаш Росицки, Фабио Канаваро, Рио Фердинанд



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.