Судијата Саша Штегеман не досуди два пенали за „милионерите“ тотално оштетувајќи го тимот на Борусија Дортмунд во пресметката против Бохум која заврши без победник.

По големиот број критики поради грешките, судијата Штегеман призна дека направил грешка која може да биде клучна во трката за титулата во Бундеслигата.

„Изнервиран сум, се чувствувам како г*мно. Синоќа не спиев поради лошото чувство затоа што сум лут што не донесов вистинска одлука. Гледајќи ја сега ситуацијата со Адејеми, тоа е пенал за Борусија. Тоа не го видов на теренот. Како судија, имам право да ја решам ситуацијата на теренот без непотребно користење на видео асистенција“, изјави Штегеман.

Штегеман одбил да свирне чист пенал кој го изборил напаѓачот на Дортмунд, Карим Адејеми во 65.минуита. Со неговата одлука се сложил и ВАР судијата Роберт Хартман.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.