Миодраг Јешиќ, поранешен фудбалер и тренер на Партизан, кој загина во страшна сообраќајна несреќа на главниот пат Рума – Јарак кога неговиот „ситоен“ леташе под камион, ќе почива покрај својата ќерка која трагично го загуби животот на 19 години исто така во сообраќајка.
Во семејната гробница Јешиќ на гробиштата Топчидер во Белград во средината е фотографијата на Јелена Јешиќ. Од левата страна има место за легендата на Партизан, додека од другата страна за мајката на Јелена.
Миодраг Јешиќ имаше тежок живот. Пораснал без татко, со мајка му Милена и брат Милован. Ја доживеал најлошата судбина што може да му се случи на родител, губење на дете. Подоцна се прежени и доби уште една ќерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.