Раководството на шпанскиот фудбалски прволигаш Рајо Ваљекано му врачи отказ на тренерот Франциско Родригез поради незадоволителни резултати.
Четириесет и петгодишниот Шпанец во јули го презеде тимот од мадридското предградие Ваљекас, предводејќи ги „пчелите“ на 27 натпревари во сите натпреварувања во кои остварија осум победи, девет нерешени и десет порази.
Рајо Ваљекано моментално се наоѓа на 14. место на табелата во Ла Лига со 24 освоени бода. Тимот е на седум бода од зоната за испаѓање откако освои само еден бод во последните пет натпревари.
Прв голман на Рајо Ваљекано е македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.