Реновирањето на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ чинеше неспоредливо повеќе од планираното, објави угледниот шпански економист Хектор Мохедано. Мадриѓаните уште во 2017 година најавија дека планираат да го реновираат својот стадион, а тој требаше да биде отворен минатото лето. Сепак, сега рокот е поместен за следното лето. Наместо планираните трошоци од една милијарда евра, реновирањето ќе чини неверојатни 1,8 милијарди евра.

Стадионот доби подвижен покрив, големи семафори и терен кој може да се прилагоди за различни спортови – од фудбал до кошарка и тенис. На пример, на него можете да играте кошарка и тенис во исто време. Во рамките на реновирањето се изградени бројни продавници, кафулиња и хотел.

Реал истакна дека ова е стадионот на 21 век и пример за дигиталната иднина. Покрај сето ова, тревата може автоматски да се превиткува и вертикално да се реди во посебна комора сместена под површината на теренот, веднаш до најниското ниво на штандот.

Soccer Football – Real Madrid Unveil Ferland Mendy – Santiago Bernabeu, Madrid, Spain – June 19, 2019 Real Madridis Ferland Mendy poses with president Florentino Perez during the presentation REUTERS/Sergio Perez

Теренот на „Бернабеу“ во таа длабока комора ги има сите неопходни услови за да остане во совршена состојба; од системи за аерација и наводнување до третман со ултравиолетови зраци кои симулираат сонце. Особено привлечна е сцената на расклопување и склопување на стадионот. Стадионот има и видео екран од 360 степени



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.