Во пресрет на натпреварот меѓу Србија и Англија што ќе се игра во Гелзенкирхен, се повеќе се вжештува атмосферата меѓу навивачите на двете селекции што се наоѓаат во Германија.

На социјалните мрежи се појавуваат фотографии на кои се гледа како српски навивачи позираат со заробени знамиња и реквизити одземени од англиските навивачи, но и од албански навивачи.

Со освоените реквизите јавно се пофалија припадници на навивачките групи на Црвена звезда и Партизан од Белград, „Делије“ и Гробари“, но и „Лешинарите“ – навивачите на Борац од Бања Лука.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.