Српскиот фудбалер, Дејан Ѓуриќ, официјално ја продолжи соработката со ФК Вардар.

Српскиот интернационалец пристигна во клубот за време на зимскиот преодоен рок, а во дресот на Вардар одигра 15 натпревари, на кои постигна вкупно 3 гола.

Вардаровиот дефанзивец потпиша договор на една година и се надеваме дека во периодот што следува, ќе успее уште повеќе да придонесе кон остварувањето на целите кои пред себе ги има поставено големиот Вардар“, соопштија од „црвено-црниот“ тим.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.