Српскиот фудбалер, Радован Панков (27), кој беше дел од младата репрезентација која го освои светското првенство во Нов Зеланд во 2015 година, летово прифати да премине од Црвена звезда во Легија Варшава, најпопуларниот и најголемиот клуб во Полска.

Панков, кој потпиша тригодишен договор со Легија, сега ќе го носи дресот на трет клуб во странство. Претходно настапуваше за руски Урал и кипарски АЕК од Ларнака, каде што стекна искуство и можност да напредува во кариерата.

Неодамна за порталот „Легија.нет“ ги сподели своите фудбалски почетоци, посочувајќи дека ја поминал младинската школа на Војводина и дека секогаш сонувал да игра за Црвена звезда. И покрај тоа што ја освои титулата светски првак со млада репрезентација, тој смета дека негов најголем успех во кариерата е настапот во Лигата на шампионите со белградските црвено-бели.

Тренерот на Легија, Коста Руњаиќ, во текот на зимата се заинтересирал за Панков и го следел неговиот напредок. Откако Панков го одигра пролетниот дел од сезоната за Чукарички, со дозвола на Црвена звезда, летово се пресели во Легија.

Во исто време кога Легија пројавуваше интерес, Радован Панков доби профитабилни понуди од Јапонија и Саудиска Арабија. Сепак, Панков потенцира дека фудбалот не е само финансиски аспект, туку и личен развој и амбиции.

Секако, но понекогаш не се работи само за финансии. Имав добри услови во Звезда. Сè уште сум млад, сакам да се докажам, како што гледам, ќе поминам две до три години во Легија и ќе се преселам во една од првите пет лиги. Во форма сум, се грижам за мојот живот, за своето тело, па мислам дека можам да играм до 35-36. 

 

Имам уште доволно време да се преселам на исток. Многу важно прашање е семејството со кое е невозможно да се оди заедно во Саудиска Арабија. Знаете како е кога не живеете во голем град. Децата и жените мора да бидат како „нинџи“. Не ми се допаѓа тоа“, изјави Панков.

Неговиот коментар привлече многу коментари поради тоа што традиционалната исламска облека ја нарече со погрдно име.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.