Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси и неговата шпанска колешка Алексија Путелас се прогласени за најдобри спортисти на годината во светот, а аргентинската фудбалска репрезентација за најдобар тим, по избор на Меѓународната асоцијација на спортски новинари (AIPS).

Гласаа вкупно 420 спортски новинари од 113 земји.Во машка конкуренција победи Меси со 962 поени, пред светскиот рекордер во скок со стап, Швеѓанецот Арман Дуплантис (373) и францускиот фудбалер Килијан Мбапе (366). Во Топ 5 се и францускиот фудбалер Карим Бензема (298) и унгарскиот пливач Кристоф Милак (189).

Во женска конкуренција за најдобра е прогласена шпанската фудбалска ѕвезда Алексија Путелас со 452 поени. Второто место го зазеде американската пливачка Кети Ледеки (295), а третата светска рекордерка во трискок Венецуелецот Јулимар Рохас (243).

Меѓу првите пет се уште двајца спортисти, Американката Сидни Меклафлин (238) и Јамајканката Шели-Ен Фрејзер-Прајс (217).

Во изборот за тим на годината, новиот светски фудбалски шампион Аргентина славеше со 1.399 гласови. Второто место го зазеде фудбалската репрезентација на Мароко со 381 глас, додека трета фудбалската репрезентација на Франција со 252 гласа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.