Аргентинскиот капитен Лионел Меси, кој вечерва ја предводеше својата репрезентација до титулата светски првак, е прогласен за најдобар фудбалер (МВП) на Мундијалот 2022 во Катар.
Меси, кој претходно навести дека ова ќе му биде последен Мундијал, вечерва со два гола ја предводеше Аргентина до триумф во големото финале над Франција на пенали со 4-2 (2-2) и го освои единствениот трофеј што му недостасуваше во богатата кариера.
Најдобар стрелец на Мундијалот е репрезентативецот на Франција, Килијан Мбапе, со осум голови, од кои три постигна во финалето.
Меси го заврши Мундијалот на второто место на листата стрелци со седум голови, пред Оливие Жиру (Франција) и сонародникот Хулијан Алварез со по четири голови.
За најдобар голман е прогласен аргентинскиот чувар на мрежата Емилијано Мартинез, а наградата за најдобар млад фудбалер му припадна на уште еден Аргентинец – Енцо Фернандез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.