Антонела Меси, сопругата на аргентинската фудбалска ѕвезда, Лионел Меси, имаше изненадувачки провокативно појавување во јавноста.

Атрактивната Антонела со супер секси издание се појави на роденденот на помладата сестра на сопругот Лео.

Иако претходните неколку дена беше објавено дека најдобриот светски фудбалер ја изневерил сопругата Антонела со позната новинарка, сепак, според последните фотографии, изгледа дека Лео и неговата поубава половина не се заинтересирани воопшто за новинарските шпекулации и уживаат во Мајами.

Брачната двојка се појави во ресторанот „Секси фиш“ каде поминале два часа на вечера за 30-тиот роденден на Марија, помладата сестра на Меси.

Антонела на роденденот изгледаше попровокативно од кога било во жешко издание со црн краток мини фустан со шлиц.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.