Динамо Загреб не крие дека сака да го врати Лука Модриќ на „Максимир“. Според шпанските медиуми, хрватскиот ветеран, по завршувањето на сезоната ќе има две опции: да потпише нов договор со Реал Мадрид или да ја заврши кариерата. Сепак, Динамо му ја нуди третата опција, да се врати во Загреб, каде што почна својата блескава кариера.

„Модрите“ играат на емоциите и се надеваат дека Модриќ ќе го исполни ветувањето по заминувањето во Тотенхем во 2008 година дека еден ден ќе се врати во Загреб.

Новиот претседател на Динамо, Велимир Зајец, неодамна се сретнал со Модриќ и изјави дека она што го прави клубот, во обид да го врати Модирќ има логика.

Со цел да го убеди Модриќ „да се врати дома“ Динамо ја закупи втората страница на влијателниот шпански спортски весник „Марка“ и го „залепи“ „синиот“ дрес на Модриќ со број 10 на него како специјална реклама со порака: „Би имало смисла“ на хрватски и „Tiene Todo El Sentido Del Mundo“ на шпански јазик.

По ова, сега на потег е Лука Модриќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GNK Dinamo (@gnkdinamo)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.