Латино ѕвездата Малума, американската раперка Ники Минаж и либанската уметница Мирјам Фарес ја претставија песната „Tukoh Taka“ која ќе биде официјалната химна на Светското првенство во Катар.
Песната е со весели ноти и мотивирачки тон, а комбинира стихови на шпански, на англиски и на арапски јазик. Музичките ѕвезди рапуваат и пеат за обединување на обожавателите ширум светот на заедничка прослава.
Со енергичен танц ритам, песната претставува комбинација на меѓукултурни влијанија од пејачите при што секој музичар има сопствен стил.
„Многу сум среќен што сум дел од химна на СП. Отсекогаш сум сонувал за ваква прилика. Претставувањето на латино музиката на вакво глобално ниво заедно со неверојатни уметници кои пеат на англиски и на арапски јазик ја крева нашата култура на уште едно ниво“, изјави Малума.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.