Селекторот на португалската репрезентација Фернандо Сантош реши да стави крај на бројните шпекулации за Кристијано Роналдо.
Португалските медиуми објавија дека славниот ас се заканувал со напуштање на Мундијалот поради одлуката на селекторот да не го стави во стартниот состав за натпреварот против Швајцарија.
Фудбалскиот сојуз на Португалија ова остро го демантираше, а на прес-конференцијата пред мечот со Мароко, Сантос ги откри деталите од разговорот што го водел со Роналдо пред осминафиналето на Мундијалот.
Крајно време е да го оставиме Кристијано Роналдо сам“, изјави Сантос.
Никогаш не ми кажа дека сака да ја напушти нашата репрезентација“, додаде селекторот на Португалија.
Искусниот стручњак истакна дека Роналдо не го заслужил ова по се што направи за репрезентацијата на Португалија, а потоа откри што точно се случило пред натпреварот против Швајцарецот.
„Разговарав со него по ручекот на денот на натпреварот, го поканив во мојата канцеларија.Му реков „слушај нема да играш“. Роналдо не беше среќен поради таа одлука бидејќи тој секогаш беше стартер“, вели Сантош и додава дека очекувал потежок натпревар. па сакаше да го спаси капитенот за второто полувреме.
„Тој ми рече: „Дали навистина мислиш дека тоа е добра идеја? Имавме нормален разговор во кој му ги објаснив причините за таа одлука и тој ги прифати, тоа беше искрен и нормален разговор“.
Сантош повторно се осврна на приказната за напуштањето на Мундијалот.
“Никогаш не рече дека сака да оди од репрезентацијата. Тоа мора да го знаете. Иако знаеше дека нема да биде стратер, сакаше да се загрева со соиграчите. Тој беше тој кој прв истрча да се радува, тој беше тој што ги повика останатите играчи да дојдат да ги поздрават навивачите.Време е да го оставиме на мира“, изјави селекторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.