Лионел Меси веројатно ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, пишува „Спорт.ес“.
Според шпанската публикација, за 35-годишниот Аргентинец сериозно е заинтересиран Ал-Хихал. Се известува дека клубот може да го објави трансферот на Меси на 6 јуни.
Претходно, од Франција стигна објавата дека Меси летово ќе го напушти ПСЖ.
Во сезоната 2022/23, Аргентинецот одигра 41 натпревар, во кои постигна 21 гол и направи 20 асистенции, со што стана најдобар асистент на францускиот фудбалски шампионат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.