Ни третиот натпревар од финалната серија помеѓу Црвена Звезда и Партизан во АБА лигата не помина без инцидент, а во фокусот повторно беа навивачите. Имено, на неполна минута пред крајот на мечот дојде до прекин откако судиите кои беа погодени од страна со предмет од трибините се одлучија да заминат во соблекувалната стравувајќи за своите животи.

Партизан водеше со 68:65 кога судијата Матеј Болтаузер беше погоден во главата. Се рашири вест дека навивачи на Партизан го нападнале судијата, но во снимка од друг агол се гледа дека полицаец во намера да го заштити судијата од навивачите случајно го удри Словенецот.

Поради немилиот настан, имаше пауза која траеше повеќе од 45 минути. Многумина се зачудија што судиите воопшто се вратија и дозволија средбата да се доигра. Кога се испразни дел од трибините, натпреварот беше приведен до крај, а во него славеше Партизан со 70:67.

Следниот натпревар се игра денеска, повторно пред навивачите на Партизан, а Звезда води во финалната серија до три добиени со 2-1 во победи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.