Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, зборуваше за финалето на Светското првенство во Катар, во кое Аргентина ќе игра против Франција.
Францускиот тим не е само Мбапе. Во нивниот ростер има многу, многу опасни играчи. Килијан е млад и сè уште може да се развива како играч. Веќе решив како ќе играме против нив. Останува само уште еден тренинг. Нашата идеја е да му задаваме проблеми на противникот, а ние да бидеме изложени на опасност што помалку, изјави Скалони.
Финалниот натпревар на Мундијалот во Катар ќе се одигра в недела со почеток во 16 часот.
Во малото финале, Хрватска го победи Мароко со 2:1, со што го освои бронзениот медал на Мундијалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.