Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги пофали своите фудбалери за победата над Копенхаген.
„Граѓаните“ синоќа во Данска забележаа триумф со 3:1 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.
– Одигравме многу добар натпревар. Одлично е што игравме во такво темпо. Бевме трпеливи во вистински моменти. Повторно сум горд на мојот тим, но се уште не е готово. Третиот гол ни помогна многу и се надевам дека ќе ја завршиме работата пред нашите навивачи и ќе се пласираме во следната рунда, истакна Гвардиола.
Шпанецот посакуваше активен резултат пред реваншот.
– Наша главна задача беше да не се загубат шансите за пласман во следната рунда. Примивме гол кој можеше да се избегне, но понекогаш се случуваат овие работи. Добро реагиравме по примениот. Знам што се случи овде со Баерн и Манчестер јунајтед. Натпреварите против Копенхаген можат да бидат многу тешки и интензивни, додаде Гвардиола за сајтот на УЕФА.
Реваншот ќе се одигра на 6 март во Англија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.