Фудбалерите на Романија го завршија Европското првенство во Германија со пораз од Холандија (3-0) во осминафиналето, но ги воодушевија сите љубители на фудбалот со нивниот потег по натпреварот на Алијанц арената.
По примерот на Јапонците го средиле домот на фудбалерите на Баерн и ја оставиле соблекувалната буквално во состојбата во која ја пронашле.
Романците дури и на домаќините им оставиле порака на романски и германски јазик.
ЕУРО 2024 за секого од нас беше едно од најважните фудбалски искуства досега. Мило ни е што беше токму во Германија. Секој натпревар, секоја емоција, секое искуство направи да ја почувствуваме магијата на фудбалот. Заминуваме од Германија со мисла дека дадовме се за Романија и благодарни сме за сè што доживеавме додека бевме тука. Беше чест да се биде дел од големото семејство на европскиот фудбал. Ви благодарам што направивте да се чувствуваме како дома, пишува во пораката која ја оставиле Романците во соблекувалната.
This is how Romania’s locker room looked like when they left the Allianz Arena in Munich following their defeat against Netherlands. Class! #EURO2024 pic.twitter.com/hk83rvFhaP
— Emanuel Roşu (@Emishor) July 3, 2024
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.