Монтажа на фотографија на која се гледа како би изгледало финалето на Светското првенство доколку во него беа Хрватска и Мароко стана вистински хит на социјалните мрежи.

Полуфиналните натпревари на Светското првенство во Катар се закажани за вторник и среда.

Во првиот меч се среќаваат Хрватска и Аргентина, а во среда силите ќе ги одмерат Мароко и Франција.

На ова Светско првенство беа забележани бројни сензации, па многумина не би биле изненадени доколку во финалето гледаме пресметка меѓу аутсајдерите Хрватска и Мароко.

Мароко се покажа како многу тврд тим, прими само еден гол на ова првенство, поточно автогол. Исто така, тие не постигнуваат многу голови. Со Хрватска одиграа 0:0, победија со 2:0 против Белгија, одиграа 2:1 со Канада, 0:0 со Шпанија и ја совладаа Португалија со 1:0.

А Хрватска на потешкиот пат стигна до полуфиналето. Во групата одиграа 0:0 со Мароко и Белгија, а ја совладаа Канада со резултат 4:1. Осминафиналето и четвртфиналето го решија со пенали, исто како пред четири години во Русија.

Нивниот начин на игра ги инспирираше фудбалските фанови на социјалните мрежи кои оправдано ги „тролаат“.

Така стана полн погодок фотографијата на која се гледа како би изгледало финалето доколку во него биле Хрвати и Мароканци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.