Откако му истече договорот со бундеслигашот Борусија од Менхенгладбах, францускиот напаѓач Маркус Турам, одлучи својата кариера да ја продолжи во Италија. Францускиот репрезентативец потпиша договор со Интер.
Трансферот на Турам во италијанскиот гигант е мало изненадување, бидејќи се очекуваше тој да му се приклучи на францускиот шампион ПСЖ. Сепак, Турам на крајот ја одби понудата од парискиот клуб и одлучи да потпише за Интер, кој изминатата сезона играше во финалето на Лигата на шампиони во кое загуби од Манчестер сити.
Интер и следната сезона ќе биде дел од елитното европско клупско натпреварување, откако сезоната во Серија А ја заврши на третото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.