Синот на хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ доби големо признание од ОН откако со својата постапка го воодушеви светот. По победата на Хрватска над Бразил, синот на Иван му приоѓа на Нејмар и го гушка и теши.
Младиот Лео Перишиќ, поради фер-плејот што го прикажа по мечот со Бразил, беше награден од ОН да ја отвори прошетката наречена „Прошетка од нула“, која се одржува со цел исполнување на целите на ОН за одржлив развој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivan Perišić (@ivanperisic444)

На таа церемонија присуствуваше и поранешната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, а на доделувањето присуствуваше и Шеиха Моза бинт Насер.

Една од ѕвездите на Светското првенство во Катар беше Лео Перишиќ, син на хрватски фудбалер. Лео го означи почетокот на пешачењето „Прошетка до нула“ за поддршка на исполнувањето на целите за одржлив развој на ОН, како посебно признание за неговиот придонес во фер-плејот во моментите по натпреварот на Хрватска со Бразил, кога ги тешеше бразилските репрезентативци, напишала Колинда во описот на фотографијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.