Португалија е единствената земја во светот во која фудбалските судии можат да им покажуваат на играчите бели картони за „ферплеј“, а оваа едукативна мерка планира да ја протурка во професионалниот фудбал на меѓународно ниво.

Националниот план за етика во спортот (ПНЕД), државна организација која делува в рамки на португалскиот Институт за спорт и млади, го воведе белиот картон во 2014 година во натпреварувањата во помлади возрасни категории.

Судијата, покрај стандардниот жолт и црвен картон за прекршок или неспортско однесување, на играчите може да им покаже и бел картон за позитивно и спортско однесување во текот на натпреварот.

Белиот картон досега е покажан 3.600 пати во Португалија на натпревари од помладите возрасни категории во фудбал, во професионалниот женски фудбал, футсал, пливање, тенис, кошарка, ракомет, атлетика и во други спортови.

Во моментов вкупно 78 португалски организации и федерации во 20 спортови користат бели картони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.