Лео Меси направи радикална промена во исхраната во 2014 година по Светското првенство во Бразил, кога на предлог на Пеп Гвардиола го смени погледот кон она што го внесува. Дотогаш напаѓачот својата исхрана ја базираше на ултра-обработена храна со висока содржина на шеќер и масти.
Меси почна да консумира храна која е побогата со хранливи материи под надзор на италијанскиот нутриционист Џулијано Позер. Тој за славниот Аргентинец идентификувал пет клучни намирници кои се основа на неговата исхрана, а тоа се вода, маслиново масло, житарки, свежо овошје и зеленчук.
Исто така, тој инсистираше Меси да ја намали потрошувачката на месо, иако тоа е нешто што е доста вообичаено во Јужна Америка, но и во Шпанија.
Позер исто така додаде дека шеќерот е најлошото нешто за мускулите и го советуваше Меси да избегнува не само послатко, туку и рафинирано брашно. Но, одвреме-навреме овој фудбалер се опушта, а во тие моменти сака пица, пржено пилешко со компири и аргентинскиот специјалитет миланеса – тенко говедско филе пржено во презла.
Меси обично појадува само цели зрна со свежо овошје и зеленчук, додека за вечера јаде туна и кафеав ориз. Кога станува збор за ручек, неговото мени вклучува чорби, салати и мешунки како грав, леќа, наут, грашок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.