Шпанските фудбалски репрезентативки, кои пред еден месец ја освоија светската титула, одлучиле да го прекинат бојкотирањето на националниот тим, откако Фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ) вети „итни и длабоки“ промени во својата структура.

Одлуката за прекин на бојкотот е донесена по долги состаноци меѓу репрезентативките, претставници на РФЕФ, Шпанскиот национален спортски совет (ЦСД) и Синдикатот на фудбалерките (ФУТПРО).

Фудбалерките изразија потреба за длабоки промени во РФЕФ, кој, пак, од своја страна се обврза дека ќе изврши промени веднаш“, изјави претседателот на ЦСД, Виктор Франкос.

Претходно, вкупно 20 фудбалерки кои беа во составот на неодамнешното Светско првенство и се најдоа на списокот на новата селекторка одлучија да ја бојкотираат репрезентацијата, но откако се соочија со парични казни од 30.000 евра и суспендирање на лиценцеит од две до 15 години, одлучија да се појават на вчерашниот тренинг. Две од нив потоа го напуштија репрезентативниот камп од „лични причини“, но по синоќешниот состанок е одлучено ниту една да не биде казнета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.